Новинарот на „Јутарњи лист“, Аугустин Палокај,излезе со интересен коментар за евроитеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ. Тој посебно се осврнува на Македонија и на најновото одбивање на ЕУ да одредат датум за почеток на преговори со Унијата.

Некои држави од ЕУ, првенствено Франција и Холандија, да можат би рекле дека проширување веќе нема. Ама не го можат тоа бидејќи знаат дека таква порака би можела да предизвика нови тензии во регионот на западен Балкан, каде „иднината во ЕУ“ е она што е заедничко, колку и да е далеку она што се нарекува „европска перспектива-пишува во коментарот.

Според него, она што и го прават на Македонија е една голема неправда.

 

На мајсторите за јазични акробации –  со кои ЕУ е полна –  задача им беше како на јавноста да ѝ претстават дека НЕ е всушност МОЖЕБИ а тоа МОЖЕБИ да биде доживеано како ДА“.