Централниот одбор на СДСМ во Охрид го избра новиот извршен одбор кој ќе раководи со партиската структура.
Избравме 16 членови на Извршниот одбор, од кои девет жени. Сакавме да испратиме порака на користењето на еднаквиот капацитет на жените и мажите, вградени и во политичкиот и во општествениот систем во земјата. Верувам дека пораката ќе стигне и до многу државни, општински институции, но и политички партии, рече Заев.
Новиот Извршен одбор на СДСМ ќе го сочинуваат: Фросина Ременски, Благојче Бочварски, Рената Десковска, Костадин Костадинов, Есрас Алихи, Ѓоко Танасоски, Весна Ѓершан, Васко Талевски, Тања Стојановска-Иванова, Драган Тевдовски, Љатифа Шиковска, Стефан Богоев, Кети Василевска, Нина Велкова, Петре Шилегов и Маринела Ојлеска.
Во Извршниот одбор остануваат Благојче Бочварски, Драган Тевдовски, Есрас Алихи, Ѓоко Танасоски, Кети Василевска, Нина Велкова, Фросина Ременски, Рената Десковска,Петре Шилегов и Стефан Богоев додека нови имиња се Костадин Костадинов, Весна Ѓершан, Васко Талевски, Тања Стојановска-Иванова, Љатифа Шиковска и Маринела Олејска.
Извршниот одбор на СДСМ од 24 е намален на 16 членови, а од претходната постава во новиот состав ги нема Аднан Џаферовски, Александар Кирацовски, Дамјан Манчевски, Дијана Ќурчиска, Љупчo Николовски, Маја Миленковиќ, Максим Димитриевски, Мухамед Зекири, Оливер Спасовски, Петар Атанасов, Радмила Шекеринска, Тања Ковачев и Хари Локвенец.
Comments are closed for this post.