Капитенот на Реал Мадрид, Серџо Рамос се ожени со неговата долгогодишна партнерка Пилар Рубио.
Двојката се венчаше во катедрала во Севиља, а на свеченоста биле присутни над 400 гости меѓу кои имало фудбалери и други познати личности.
По церемонијата во катедралата, која траеше еден час, гостите се упатиле кон имотот на Рамос во близина на Севиља.
Шпанските медиуми известуваат дека сите гости биле принудени на влезот во имотот да ги остават мобилните телефони, бидејќи младениците не сакале да бидат снимени, дури некои медиуми пишуваат дека гостите морале да покажат тетоважа на еднорог за да можат да влезат во имотот.
За храната која им беше послужена на гостите се погрижил Дани Гарсија, а одговорен за музиката на свадбата бил познатиот бенд АЦ/ДЦ, кои се омилена група на невестата.
Инаку Рамос е во врска со телевизиската водителка Пилар Рубио од 2013 година и имаат три синови.
Comments are closed for this post.