Факт е дека опозицијата единствено што бара е да има избори, ама да не се оваа година. Да се избегнат брзи избори и да се избегне нивното соочување со реалноста, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање пред обраќањето на новата генерација питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски„.
Според неа, ако нема решение на некои од проблемите, кои граѓаните очекуваат да ги решиме, тогаш изборите можеби се единственато решение.
Во врска со техничката влада, Шекереинска рече дека ќе го почитуваат законот и Уставот, во кој стои дека во случај на предвремени избори, помеѓу одлуката од Собранието за одење на предвремени избори и одржувањето на избори, се од 45 до 60 дена.
Comments are closed for this post.