Хрватско-словенечкиот состав „Ту челос“, кој го сочинуваат виолончелистите Лука Шулиќ и Стјепан Јаусер, решија да стават пауза на групата и да започнат со снимање на самостојни албуми.
„Веќе подолго време Стјепан и Лука планираат малку да се раздвојат. Иако со голема популарност се стекнаа како група, сепак сега продолжуваат со градење на соло кариера, изјавил извор близок до двајцата музичари.
Информацијата ја потврди и ПР тимот на Стјепан и Лука.
„Точно е. Двајцата започнаа со снимање соло албуми. Лука снима во Рим, а Стјепан во Лондон“, изјавуваат од ПР тимот.
„Ту челос“ во 2011 година потпишаа договор со Сони Мастерворкс и издадоа четири албуми, свирејќи инструментални верзии на добро познати песни од жарнови како што се поп, рок, класична и филмска музика.
Дуото настапуваше несекаде во светот, а имаа и неколку гостувања во американски тв серии.
Comments are closed for this post.