Рим воведе серија нови правила и прописи за уредување на пристојноста во градот; удри на неприфатливите навики на многу туристи како што се некултурното пиење вода од јавните чешми до влечењето куфери по историската рута.

Новиот сет правила на Рим се дел од италијанските мерки за управување со навиките на туристите и општо намалување на анти-социјалното однесување. Со летниот туристички бран, Градскиот совет на Рим ја ажурира постоечката легислатива која датира од 1946 година со цел подобрување на градскиот живот за жителите и туристите.

Новите правила вклучуваат казни за оние кои се фрлаат во фонтани. За мажите се забранува да се шетаат со раскопчани кошули, додека популарната туристичка традиција на оставање “љубовни катанци” сега ќе се казнува.

Исто така е забрането претерано неуредно јадење околу историски споменици и, да, тоа би можело да значи дека повеќе не е можно да се разладувате со сладолед „гелато“ на Шпанските скали.

Т

уристите ќе треба да бидат особено внимателни за тоа како пијат вода од јавните чешми во градот, познати како „насони“. Властите одлучија дека не е прифатливо за жедните туристи да пијат лапајќи ја чешмата, ниту да се обидуваат со притисок на прстите да правата млаз вода кој може некого да испрска.

Друга регулатива забранува пеење, свирење или забава во јавен трнспорт.

Сé уште не е јасно како ќе се наметнат овие нови правила или какви парични казни ќе се воведуваат ако туристите бидат фатени во прекршок.