По случајот како што тврди Алиоски дека биле избркани од локал во Прилеп бидејќи зборувале на албански јазик, синоќа тој се врати во локалот, си подадоа рака со сопственикот и му подари дрес од неговиот клуб Лидс.Тој пред локалот се сликаше со неговите обожаватели.
Видеото е презвезено од „Клан Македонија“
Навистина сум фрапиран од тоа што се случи во Прилеп. Видете јас играм за репрезентацијата на Македонија, доаѓам од Англија со цел да играм со радост за оваа селекција а еве што доживувам тука. Имено кога со своите најблиски говорев на својот мајчин јазик, инаку не кријам дека сум Албанец, дојде еден човек и ми рече да го напуштам ресторанот само поради тоа што слушна на кој јазик јас комуницирам со своето семејство. Навистина немам зборови, на никого ова не го посакувам, изјави предходно Алиоски
Comments are closed for this post.