Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје, при што се санкционирани 36 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Откриени се и 64 останати прекршоци за кои се издадени 19 мандатни платни налози и 45 прекршочни платни налози.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера низ централното градско подрачје презеде и мерки за непрописно паркирање на патнички возила. Притоа, во периодот од 8:00 до 24:00 часот, со специјално возило пајак се подигнати 54 возила, а преземени се вкупно 63 мерки за непрописно паркирање на патнички возила
Comments are closed for this post.