Со наближувањето на најавениот состанок за Косово во Париз на 1 јули, на иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, српките власти, покрај секојдневните изјави за тоа дали овој состанок ќе се одржи или не, ја интензивираа и дипломатската активност.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска рече дека „ во случајот да не дојде до состанокот во Париз“, целиот регион ќе се најде во тешка ситуација.
„Ако биде Париз ќе бидеме во тешка ситуација, ако не го биде ќе бидиме во уште потешка состојба, ќе бидеме-народски кажано в кал, и ние и целиот регион. Имаме конструктивен пристап за дијалогот, но за танго и за дијалог секогаш се потребни двајца“, порача Вучиќ.
Тој додаде дека Србија и понатаму се бори да направи сé што може и оти многу работи ќе се покажат на состанокот во Париз, ако тој се одржи.
„Ќе се обидам во наредните денови да разговарам со претставници на американските институции, ќе испратам писмена покана до Трамп и ќе се обидам да контактирам со некои од неговите соработници“, рече Вучиќ, додавајќи оти не бил изненаден од изјавата на Метју Палмер дека „Америка е со Косово“.
Comments are closed for this post.