Британскиот секретар за внатрешни работи, Саџид Џавид, денес изјави дека веќе го потпишал актот за екстрадиција на Џулијан Асанж.
Тој за Би-би-си 4 денес рече дека ги потпишал документите за екстрадиција на Асанж и оти сега останува судовите да ја донесат конечната одлука.
Конечната одлука сега е во рацете на судовите. Сакам правдата да победи затоа што имаме легитимно барање за екстрадиција“.
Тој не прецизираше дали екстрадицијата на основачот на Викиликс се однесува за Шведска или за САД.
САД, инаку, минатата недела поднесоа 17 обвиненија против Асанж за кои би може да добие доживотна затворска казна.
Што се однесува до Асанж, тој се наоѓа во една затворска болница во многу лоша здравствена состојба.
Comments are closed for this post.