Анкета на Daily Express, спроведена на 4.792 Британци, покажа дека Кејт Мидлтон е подопадлива и посакана од нејзината „соперничка“ Меган Маркл. Наспроти огромниот интерес поради бременоста и породувањето, принцезата од Сасекс доби едвај 6% од гласовите на британскиот народ.
Кејт доби 31% од гласовите, но челната позиција останува неприкосновено за кралицата, која освои 42% од британските гласови.
Прашањето на кое одговараа Британците гласеше Кој ви е најомилениот член на кралското семејство, а анкетата беше спроведена од 7 до 9 јуни.
Што се однесува до принцовите, Хари и Вилијам си поделија по 5% од гласовите, што на листата ги сместува едно место под Меган.
Comments are closed for this post.