Принцот Филип денес има роденден, а британски „Експрес“ во текст посветен на неговиот роденден поставува прашање – колку години навистина има војводата од Единбург?!
Тој се ожени со кралицата Елизабета Втора во 1947 година и нивниот брак е најдолг од кој било британски монарх. Но двојката всушност се роднини, тие се трети братучеди затоа што и Филип потекнува од семејството на кралицата Викторија.
Филип е пет години постар од кралицата, па ако се знае дека таа неодамна наполни 93, јасно е дека Филип денес полни 98 години. Тој Елизабета ја запознал кога таа имала 13 години, а љубовната врска ја одржувале преку писма. Седум години подоцна тој ја побарал нејзината рака, а бракот чекал се додека таа не наполнила 21 година.
Свадбата меѓу принцезата Елизабета и Филип Маунтбатен се случила на 20 ноември 1947, а потоа двојката заминува на меден месец во Шкотска.
Филип достигна старост со која треба да биде горд, но за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп тој беше отсусетен. Го немаше ниту на одбележувањето на 75-годишнината на истоварувањето во Нормандија.
Филип се пензионираше од соите кралски обврски во 2017 година, па затоа од него и не се бара да биде присутен на протоколарно ниво.
Но, војводата неодамна бил виден на венчавката на леди Габриела и Томас Кингстон, пишува „Ескпрес“ каде 98-годишниот Филип бил насмеан, во добро расположение.
Здравјето на Филип во последно време изгледа добар, иако тој лани имаше операција на колкот. Неодамна беше фатен како вози без ремен и направи една сообраќајна несреќа. Мораше (доброволно) да ја врати возачката дозвола.
Филип исто така ја има титулата и принц на Грција и на Данска.
Comments are closed for this post.