Косовскиот претседател Хашим Тачи преку објава на Фејсбук го спомена времето кога, на денешен ден, пред 20 години, во Куманово беше потпишан воено-техничкиот договор за полекување на српската војска и полиција од Косово и крај на воздушните напади на НАТО врз тогашна СР Југославија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Кумановскиот договор, вели Тачи, значеше предавање на тогашниот српски лидер Слободан Милошевиѓ и неговата војска пред силите на Алијансата, „крај на геноцидот и мир и почеток на новиот живот во слобода и еднаквост“ за народот на Косово.
На денешен ден, пред 20 години, Милошевиќ и неговата војска се предадоа пред НАТО. Кумановскиот договор значи ослободување, крај на геноцидот, мир и почеток на новиот живот во слобода и еднаквост за нас. Беш долго и тешко, но гордо патешествие за обнова на нашата земја и нашето општество, напиша Тачи.
Косовскиот претседател им оддава признание на сите кои поднесоа жртви „за да ја претворат во реалност“ независноста на Косово.
Со најголема почит ја споменуваме секоја жртва на секоја нација која се приклучи на НАТО во оваа праведна борба. Со болка, но секогаш со гордеење за нивното јунаштво, ги споменуваме и сите кои загинаа за да го претворат во реалност нашиот сон. Вечно сме им благодарни, напиша Тачи.
Воено-техничкиот договор, со кој се стави крај на војната во Косово, на 9 јуни 1999 година во Куманово го потпишаа британскиот генерал Мајкл Џексон од името на НАТО и генералите на војската на Југославија и на српската полиција, Светозар Марјановиќ и Обрад Стевановиќ. Ден подоцна беше усвоена Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, по што веднаш започна распоредувањето на меѓународние воени сили КФОР во Косово.
Comments are closed for this post.