Официјално Скопје не делува загрижено што „Киријакос Мицотакис од Нова Демократија наскоро доаѓа на власт во Грција и со тоа го губи пријателот Алексис Ципрас“, пишува грчкиот весник „Катимерини“, во денешното издание.
Весникот тврди дека верувањата на македонските политичари се дека и покрај несогласувањата со Преспанскиот договор, Мицотакис ќе остане верен на принципот на почитување на меѓународното право и меѓународните договори потпишани од земјата.
Шефот за надворешна политика на Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос, кој најверојатно ќе биде иден министер за надворешни работи за „Катимерини“ вели дека „НД ќе стори сé што е можно да ги ублажат негативните последици, како што е клучното прашање за името на македонските производи“.
Comments are closed for this post.