Селекторот на Полска, Јиржи Бржечек, пред утрешниот дуел со нашата репрезентација е претпазлив иако важат за фаворити.Тој посочува дека Македонија е добра репрезентација со квалитетни играчи.
Нема да бегаме од улогата на фаворити и свесни сме за нашиот квалитет. Ќе биде тежок натпревар, а ние посакуваме триумф за да ја продолжиме победничката серија квалификациите. Пандев е главниот адут на Македонија, но домаќинот го карактеризира и одлична тимска игра. Двете селекции играат напаѓачки, но не секогаш тројца напаѓачи значат и голови-истакна селекторот.
Comments are closed for this post.