Имам позитивни сигнали дека Законот за јавно обвинителство ќе биде  донесен во најбрз можен рок и ќе видиме како Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе продолжи да работи, изјави денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, одговарајќи на новинарски прашања пред настанот што се одржува во Клубот на пратеници во Скопје.

Меѓународната заедница дава јасни насоки, а и власта, освен опозицијата, која е лично засегната, истакна Јанева, додавајќи дека не може за законот да преговара лице кое веќе има предмет во предистрага и во истрага и кое дава квалификации за СЈО и за нејзината личност.

„Тука мислам на Антонио Милошоски, кој многу се занесува во своите изјави“, истакна Јанева.