На видео снимката стара повеќе од 20 години, а која е објавена оваа недела можат да се видат актерите на некогаш големата афера – како поранешниот американски претседател Бил Клинтон и Моника Левински “емотивно“ комуницираат во Белата куќа.

Видеото, кое датира од 1997 година, кога и изби скандалот, го објави претседателската библиотека на Вилијам Џ. Клинтон и на него може да се види Бил Клинтон, кој го дава својот неделен радио извештај, а потоа во Овалната соба се поздравува со вработените, меѓу кои била и Моника Левински, која во тоа време стажирала во Белата куќа.

На снимката се гледа и како Клинтон и Левински разговараат, додека тој околу нејзината половина ја става раката, а потоа се местат за да се фотографираат, пренесува „Фокс њуз“.

Фотографиите од тој настан одамна се снимени, но ова е прв пат да се објави видео снимката.

Библиотеката на Клинтон одби да ја коментира снимката, но на Јутуб е наведено дека видеото е објавено по барање, а во склад со Законот за слободата на информирање.