Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија од денес се во тридневна посета на Обединетото Крластво на покана на кралицата Елизабета Втора. Ова е прва државна посета на Лондон на Трамп за што беше пречекан на црвен тепих од почесната гарда со 21 истрелан плотун од артилериско оружје.
Во Бакингемската палата Трампови беа пречекани од Елизабета Втора, а претходно со нив се сретнаа принцот Чарлс и неговата сопруга Камила.
Деновиве ќе се објават многу детаљи поврзани со псетата, а денес британските медиуми се занимаваат и со изгледот на Меланија (49). Се забележува дека таа е облечена во Одри Хепберн стил. Носи здолниште и сако во стил на морнарицата и „Барбери“ блуза од 820 долари со апликации на воени медали во знак на одбележувањето на денот Д, кога сојузничките сили се истоварија во Нормандија за време на Втората светска војна. Костимот, пак, е креација на „Долче и Хабана“.
Заедно со Трамопви се и неговата ќерка Иванка и сопругот Џаред Кушнер.
Доналд Трамп утре е предвидено да се сретне со премиерката Тереза Меј, која најави дека на 7 јуни официјално ќе поднесе оставка на функцијата. Во среда американскиот претседател ќе учествува на комеморацијата на 75-годипнината од денот Д.
За безбедноста ќе се потрошат 31 милион долари
Како и секоја државничка посета, таа и оваа за Трамп значи засилено обезбедување и превземање обемни мерки за заштита на претседателот на САД. Според „Експрес“ британската полиција целата безбедносна операција ќе ја чини 31 милион долари.
Comments are closed for this post.