Соединетите американски држави воведува нови услови за добивање на имигрантска и неемигрантска виза. Според новите услови, ќе се бара од апликантите да ги достават сите кориснички имиња на социјалалните мрежи, стари мејл адреси како и стари телефонски броеви, пренесува „Телеграф.рс“.

Нациналната безбедност е наш приоритет кога одлучуваме за барањата за визи и секој потенцијален патник и имигрант минува низ детална безбедносна проверка-стои во соопштението на Стеј Департментот.

Порано овие дополнителни информации се бараа само за лица за кои имало сомневање дека се поврзани со терористички организации.