Големите светски сили ја кријат вистината за вонземјаните, Милошевиќ и Ѓинѓиќ не починаа на начин како што е прикажано, додека пак вирусите најмногу се создаваат за да уништат еден народ. Ова се теориите на заговор во кој веруваат Србите врз основа на истражувањето што го спровел Факултетот за политички науки.

Повеќе од 55 проценти сметаат дека Милошевиќ не починал од природна смрт во затворот во Хаг, додека пак голем дел сметаат дека растурањето на Југославија имало за цел да ја уништи Србија.

Србите исто така имаа сомнежи за атентатот врз поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ и дали тој е убиен како што тоа беше прикажано на телевизија.