Џулијан Асанж,основачот на Викиликс, е толку болен што не може да сведочи преку видео линк од затворот во кој се наоѓа во Велика Британија, изјави неговиот адвокат.

САД бараат Асанж да им биде испорачан, а доколку тоа се случи нему му се закануваат 18 казни, односно десетици години затвор.

„Всушност, тој е далеку од тоа да се чувствува добро“, изјви адвокатот Гарет Пирс, додека судијката Ема Арбутнот потврдила: „Тој не е добар“.

Викиликс соопшти дека е сериозно загрижен за здравјето на Асанж и оти тој е префрлен во затворската болница во Белмарш.

Наредното сослушување е закажано за 12 јуни.