Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Основното јавно обвнителство за гонење на организирана криминал и корупција вчера спроведе координирана акција со цел сузбивање на организирана повеќечлена криминална група составена од лица од Скопје, Велес, Струмица, Радовиш, Тетово, Струга и Битола. Групата според МВР вршела кривични дела против културното наследство и природните реткости“ вели портпаролот на МВР Тони Ангеловски. Меѓу лицата кои се задржани во полициска станица се до изведување пред судија на претходна постапка е и таткото на режисерот Јани Бојаџи.

 

 

Криминалистичката истрага се спроведуваше една година од страна на Единицата за сериозен криминал, при Секторот за криминалистички истраги, а вчера се извршени претреси на вкупно 16 локации, при што од слобода се лишени 13 лица и од нив привремено се одземени голем број на артефакти: монети, полускапоцени и скапоцени камења, стар накит, скулптури, керамички и бронзени предмети, метални шипки, мапи, метал детектори, скици, тефтери, нотеси, мобилни телефони, рамка за пиштол и куршуми и друго“, рече Ангеловски на денешната прес-конференција.

Постои постоење на основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и изнесување односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Според МВР ископаните археолошки предмети од непроценлива вредност (монети, скапоцени и полускапоцени камења) на повеќе археолошки локалитети на повеќе локации низ државата (Струмица, Велес) ги продавале на заинтересирани лица од странство (Албанија, Турција и Грција). Продажбата ја вршеле на непосредни средби. Купопродажбата освен на територија на Македонија, ја вршеле и во Грција.

Пријавените Р.П.(46), А.Б.(70) и Ж.Р. 65) во текот на 2017 и 2018 година, со цел стекнување на противправна имотна корист и присвојување на добра под привремена заштита, културно наследство или природни реткости, создале злосторничко здружение во кое како членови за целиот временски период или повремено партиципирале останатите кривично пријавени лица. Пријавените организатори и членови на злосторничко здружување, во наведениот период со умисла и континуирано нуделе на продажба поединечно или групно повеќе предмети пронајдени претходно или во тек на посочениот период, договарале и вршеле истражувања на различни локации, истакна Ангеловски.

Со сите пријавени е направен информативен разговор. Четворица се пуштени на слобода, а останатите се задржани во полициска станица.