Реката Сава во Загреб се излеа од коритото по поројни дождови во изминатите 48 часа, јавија хрватските медиуми.
На Сава во Загреб се воведени подготвителни мерки за одбрана од поплави. Мерките за одбрана од поплави се воведени на уште неколку реки во Хрватска.
Хрватскиот Метеоролошки завод соопшти дека врнежите, кои денеска се очекува да бидат рекордни за мај, ќе продолжат и во наредните денови.
Comments are closed for this post.