Денес на социјалните мрежи врие од слики и видеа од вчерашниот пеколен ден во романскиот град Залау – за многу кратко време се појавило невреме при што град со големина на кокошкини јајца направи вистинска пустош.
Жителите на Залау, град во северозападна Романија кон границата со Унгарија, објавија дека градот паѓал доста долго, на моменти со големина на јајца и направил огромни штети, особено на автомобилите.
На видеата може да се види како камења да паѓаат од небо и вистинска среќа е што нема повредени или фатално настрадани луѓе.
Првите информации велат дека се оштетени стотици автомобили, како и дека полицијата и пожарната за кратко време се мобилизирале.
Major hailstorm in Zalau, Romania today, May 28th! Report: Răzvan Botăreanu / Furtuni România – Official Group pic.twitter.com/J3F57nE0op
— severe-weather.EU (@severeweatherEU) May 28, 2019
Comments are closed for this post.