Многу реакции има на социјалните медиуми откако доцна попладнево МВР потврди дека е извршен претрес во куќата на таткото на режисерот Јани Бојаџи во Струмица и оти тој е приведен заради шверц со артефакти.

Според првичните информации од неговото семејство Андони Бојаџи е изолиран и немал свој адвокат додека траел распитот во полициска станица во Скопје.

Адвокатот Владимир Панчевски на својот Фејсбук профил напиша:„ Страшно и жално, издржи брате Јани! Огромна поддршка! Истово го преживеав пред точно една година на ист ден ми дојде специјалната обвинителка со тим на истражители срамно и незаконски ми ја обесчестија личноста и ми го осквернавија домот 05.10.2017 година и фашистичките искрвавени и извалкани раце на сите учесници нема да ги заборавам дури сум жив. До денес нема исход од мојот претрес така работат фашистите!

Но, и премиерата на филмот на Јани вечерва не поминува во културна атмофера. Очевидци велат дека филмската претстава се одвива под засилено полициско обезбедување наводно заради закани од поранешни членови на албанската ОНА.

„Ајде мажишта СИТЕ во 22:00 пред кино Миленуим!!!!!!!!!!
Да му честитаме на Јани Бојаџи со аплауз“, напиша Маја Платнар.

Статусот, пак, на професорката Билјана Ванковска е следниот:„Јас сум во кино Милениум. Се прашуваме дали сме можеби први и последни гледачи на овој филм. Надвор стои полиција. Жални денови!

 

Тамара Јованова се надоврзува:„ Први – да, ама последни не!
И овој режим ќе падне, а филмот ќе остане! Полиција може и добро шо има, оти искрено, очекувам да има и оркестрирани напади од „навредените” од филмот!

Д-р Елка Јачева Улчар, научен соработник, наведува:„Нема пострашно нешто во една држава чесните и лојални граѓани да ги третираш како најголеми криминалци. Овој филм го гледав пред 5-6 години и мислев дека тоа никогаш нема да се повтори. Излезе дека филмот не бил „игран”, ами сериски… Срам да ви е! Срам и арам!