Нобеловата награда за мир за 2017 година се доделува на гинекологот Денис Муквеге кој ги третира жртвите на сексуално насилство во Демократската Република Конго и Надја Мурад, јазидската активистка за човекови права, поранешна сексуална робинка на Исламската држава во Ирак.

Норвешкиот Нобелов комитет соопшти дека наградата е признание за ,,нивните напори да се стави крај на употребата на сексуалното насилство како оружје во војна и во оружени конфликти”.

Муквеге пред се, е обединувачки симбол, на национално и меѓународно ниво, на борбата да се стави крај на сексуалното насилство во војна и оружени конфликти, се вели во соопштението.

Мурад, и самата жртвa на воените злосторства, „одбива да го прифати социјалниот кодeкс кој бара жената да остане тивка и застрамена поради злоупотребите на кои била подложена”, се вели во соопштението. Таа покажа невообичаена храброст раскажувајќи го сопственото страдање и зборувајќи за доброто на другите жртви”.

Нобеловата награда за психологија и медицина, физика и хемија беа доделени оваа недела.

Наградата за литература не се доделува поради скандал за сексуална злоупотреба во телото кое ја доделува наградата.

Нобеловата меморијална награда за економски науки ќе биде доделена во понеделник, на 8-ми октомври.

Како дел од наградата се доделуваат и 1.1 милион долари.