Каузата на обединетата опозиција е заминувањето на Еди Рама и формирање преодна влада.Тоа се два услова за кои нема преговори. Избори на 30 јуни без опозиција нема да има,ова е главната поента од обраќањето на лидерот на Демократската партија,Љуљзим Баша на вечерашниот голем протест на обединетата опозиција пред Владата во Тирана.
Тој го обвини премиерот Еди Рама дека со намерата да оди на избори без опозиција ја „носи земјата право во цивилен конфликт”.
-Рама жртвува се за една единствена цел, неговата власт. Поради оваа прчина сака да ја однесе земјата кон неизбежен граѓански конфликт.Но, нека знае дека никогаш нема да ги скара ниту опозицијата а ниту Албанците,порача Баша.
Тој го развеа германското знаме,што според политичките аналитичари значи дека и верува само на Германија во напорите за решавање на политичката криза во Албанија.
Споредено со претходните, овој шести, како што го нарекуваат „национален протест” иако со голема масовност поминува мирно со извикување „Рама од си”„Албанија како цела Европа”.
Протестантите пуштија најмалку 500 поголеми балони на кои беше напишано „Рама од си”.
По барање на Баша учесниците со запалени мобилни телефони продолжија кон зградата на Парлементот, по што според најавите ќе заминат пред седиштето на Демократската партија,каде вообичаено со обраќањето на Баша и пеењето на албанската национална химна треба да заврши протестот
Comments are closed for this post.