Косовскиот претседател Хашим Тачи ја шокираше јавноста со изјавата дека двете земји на Албанците наскоро ќе бидат во заедничка држава.
Во блиска иднина ќе живееме заедно во една заедничка држава Косово-Албанија порача Тачи.
Тој повтори дека има животно ветување дека Косово, Медвеѓа и Бујановац ќе се обединат кон Косово.
Вие бевте заедно во воените ровови и заедно ќе живееме на слобода и во заедничка држава. Бидете сигурни дека е многу лесно остварувањето на сонот за еден безраничен простор меѓу Косово и Албанија отколку што беше предизвикот за одалечување на Србија од Косово и тоа ќе се случи порача Тачи во Албанија, а пренесе „Косова прес“
Comments are closed for this post.