Нема ништо погламурозно во најексклузивниот автомото спортот од трката за Големата награда на Монако. На вчерашните тренинзи доминираа возачите на Марцедес, а пилотите на Ферари имаа многу проблеми.
Трката се вози во недела со почеток во 15:10 часот. За утре во 15 часот се закажани квалификациите за пол-позицијата. Ова е шеста трка во сезонава, досега болидите на Мерцедес беа доминантни.
Инаку најбрз на првиот тренинг во Монако беше Луис Хамилтон. Тој оствари време од 1:12.106, а втор беше Макс Ферстапен од Ред Бул со запостанување од 0,059 секунди. Трет заврши Валтери Ботас од Мерцедес.
Comments are closed for this post.