21- годишната Изабела Џејмс, учествувала во британската емисија ,,Rich Kids Go Homeless” каде децата на богатите треба да живеат на улица како бездомници.
Џејмс е студентка по психологија, но сакала да покаже дека не е разгалена принцеза. Иако годишно оди на шест луксузни одмори, има колекција на дизајнерска гардероба и е во врска со возачот на Формула, Себ Морис, Изабела мислеше дека може да преживее на улица.
Решила да преживува со собирање шишиња и пластична амбалажа за рециклирање. Но, кога останала сама на улиците на источен Лондон, мислењето и се сменило за само еден ден.
Преспала на една од најозлогласените улици Стратфорд, под шатор и на картон, а потоа во вреќе за спиење, затоа што не сакала да оди во прифатен центар. Набрзо увидела дека не може да преживее од парите од шишиња, па побарала работа во автоперална, но безуспешно.
Наредниот ден, кога немала пари за јадење, почнала да игра и да пее и да им раскажува на луѓето за својот живот, па така собрала околу 5 фунти, што ги искористила за оброк за неа и за уште една вистинска бездомничка, која поради зависност од дрога живее на улица со своето куче. Изабела веќе не можела да поднесе да помине уште една ноќ на улица и се откажала од шоуто.
Comments are closed for this post.