Викторија Скрипал, внука на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал, му ги предала снимките од нејзините неодамнешни телефонски разговори со нејзиниот вујко на Рускиот истражен комитет.
„Се јави двапати, еднаш во април и еднаш остави порака. Двете јавувања беа од различни броеви, регистрирани во Велика Британија“, изјави Викторија Скрипал за руски медиуми.
Од друга страна, од дирекцијата на Рускиот истражен комитет за Јарославскиот регион изјавија дека не добиле никакви документи од Викторија Скрипал.
„Можеби ги испратила директно во Централната управа на Рускиот истражен комитет, вели неименуван извор за руски медиуми.
Сергеј Скрилал и неговата ќерка Јулија беа затруени со нервен агенс во градот Солсбери, Велика Британија, во март минатата година.
Comments are closed for this post.