„Финалниот натпревар во Лигата на Европа кој ќе се одржи во Баку е вистински кошмар за навивачите“, изјави поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер.
„Екипите не се соочуваат со проблеми. Тие живеат во идеални услови, летаат со авион, каде што седат во седишта од бизнис-класа. Ситуацијата ќе влијае само на навивачите, за нив тоа ќе биде мал кошмар, рече Венгер.
Во мечот за трофејот во второто по квалитет клупско европско натпреварување, Арсенал ќе се сретне со Челси.
Претходно беше објавено дека финалистите од Лигата на Европа не можат да ги реализираат сите влезници за финалниот натпревар на турнирот.
Comments are closed for this post.