Компанијата Спејс Икс во вселената испрати ракета со 60 сателити, јави Си-Ен-Ен. Таков потфат е голем чекор во создавање мегаконстелации кои на светското население може да му овозможат евтин широкопојасен пристап до интернет.
Огромната интернет констелација со 60 сателити има име – Старлинк.
Спејс Икс во 22.30 по локално време на својата ракета Фалкон 9 успешно лансираше мноштво сателити. Еден час подоцна ракетата почна полека да испушта сателити во орбитата, јави медиумот.
Елон Маск основач на Спејс Икс рече дека сателитите се „онјалн” и дека уредите наскоро ќе ги рашират соларните панели со кои ќе се напојуваат додека се во орбитата. Засега не е јасно дали сите сателити се целосно оперативни.
Comments are closed for this post.