Заврши седницата на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. На вечерашниот состанок како што информираше подпретседателот на партијата, Александар Николовски биле прифатени заклучоците од вчерашниот состанок на Извршниот комитет.

Донесена е одлука за формирање на општински штабови кои ќе функционираат до претседателските избори.Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека утре ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинитество против повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње, Пласница и Сарај.

Ако се процесуираат кривичните пријави тоа ќе биде гаранција дека во иднина нема да бидеме сведоци на груб фалсификат, истакна Николоски.

Во однос на платформата за која објавивме дека пратениците ќе ја потпишат и ќе се обврзат дека нема да гласаат за промена на Уставот, со цел промена на уставното име , Николовски вели дека во моментов нема таква активност. Тој потенцира дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во однос на ова прашање се едногласни. Пресинг ТВ веќе објави дека се планира потпишување на ваква платформа, дознаваме дека истата ќе се потпише доколку иницијативата за уставни амандмани дојде во Собранието.

Откако премиерот Зоран Заев денеска ги отфрли барањата од ВМРО-ПМНЕ, Николовски порача

Нашите услови се јасни. Ние битката не ја водиме за власт, битката не ја водиме за избори, ниту ја водиме за доаѓање на власт,  Заев порано или подоцна ќе си оди. Битката ја водиме за зачувување на името на Република Македонија и сме среќни што со исходот од резултатот уставното име на Република Македонија е зачувано. Се друго е второстепено и небитно.