Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги најверојатно ќе го замени Масимилијано Алегри на чело на Јувентус во текот на летото, пренесуваат италијанските медиуми.
Според пишувањата тој веќе преговара со гигантот и според медиумите, за неколку дена тој ќе биде прогласен за нов тренер. Инзаги има договор со Лацио до летото 2020 година, но се претпоставува дека двата тима ќе се разберат во однос на компензацијата.
Антонио Конте беше исто варијанта пред тимот, но на крајот тој постигнал договор да го преземе Интер по крајот на сезоната, па шансите да се врати на „Јувентус стадион” практично се ништожни.
Comments are closed for this post.