Српскиот тенисер го започна мечот во петокот, а го заврши во сабота. На теренот во Рим, Новак Ѓокович и Хуан Мартин Дел Потро одиграа епски меч полн со пресврти. После правата драма во полуфинале влезе српскиот ас победувајќи го аргентинецот со 4:6 7:6 (8:6) 6:4.

Дел Потро го освои првиот сет, избори тај-брејк во вториот и имаше две меч топки.

Ѓоковиќ подобро го отвори вториот сет, поведувајќи со 5-2. Дел Потро со одлична игра во продолжение успеа да се избори за тај-брејк, во кој имаше при резултат 6-4 не успеа да искористи две меч топки. Србинот успеа да освои четири поени по ред и да го добие вториот сет со 8-6 во тај-брејкот.


Третиот сет почна израмнето, а до брејк првиот тенисер во светот стгина во петиот гем, што беше доволно за конечен триумф од 6-4.


Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе се сретне со Аргентинецот Диего Шварцман кој беше подобар од Кеј Нишикори од Шпанија со 2-0 по сетови 6-4 и 6-2. Во второто полуфинале ќе играат Шпанецот Рафаел Надал и Стефанос Циципас од Грција.