Биомедицинска лаболаторија во Грузија, финансирана од САД, најверојатно спроведувала истражувања за производство на биотехнолошко оружје под маската дека станува зор за тестирања лекови. Информацијата ја соопшти руското Министерство за одбрана во кое се наведува дека во тие испитувања починале 73 лица.
Тестовите се вршени во центарот „Ричард Лугар“ во Тбилиси кој работи од 2013 година. Поранешен грузиски министер неодамна тврдеше дека имал добиено протечени документи во кои детално се опишани работите на постројката. Според тој министер, најверојатно може да се зборува за тестови на оружје за масовно уништување кои се вршени во Центарот.
Во документот се регистрирани смртни случаи на 73 лица во краток период и во нив се индицира за тест на „многу токсични хемиски и биолошки агенси со висока стапка на смртност“, изјави Игор Кирилов, командант на рускиот оддел за одбрана од радиолошко, хемиско и биолошко оружје.
Документите на Русите им ги предал Игор Гиоргадзе, поранешен грузиски министер за државна безбедност, и во нив се наведува дека се тестирала дрога наречена „совалди“, која е наменета за лечење на хепатит Ц.
Comments are closed for this post.