Почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ е заслужен и неопходен со цел поттикнување на севкупните реформи и унапредување на политичката култура во земјата, укажа претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со шефот на делегацијата на Европската Унија во Скопје, Самуел Жбогар, соопшти кабинетот на шефот на државата.
Очекуваме од лидерите на членките на Европската Унија да бидат принципиелни и доследни на дадените ветувања. Да го валоризираат сработеното и да овозможат Република Северна Македонија да постигне успех на планот на евроинтеграциите, истакна претседателот Пендаровски на средбата со евроамбасадорот Жбогар.
Comments are closed for this post.