„Зајакнување на европската интеграција на Западен Балкан – Учејќи од минатото, подготвувајќи се за иднината” е темата на форумот што ќе се почне денеска во организација на Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје во соработка со Центарот за источни студии од Варшава и Амбасадата на Република Полска во Скопје.
Настанот ќе трае два дена и ќе третира теми поврзани со Берлинскиот процес во контекст на полското претседателство, како што се регионалната соработка, безбедноста, миграцијата, европската интеграција на земјите од Западен Балкан, нивно вмрежување како и за надминување на билатералните проблеми.
На Форумот ќе учествуваат претставници на граѓанското општество, академици од земјите од Западен Балкан плус Хрватска и Словенија, Вишеградските земји како и од други земји-членки на ЕУ. Исто така, учество ќе земе и висок претставник на Директорат за проширување и соседска политика на Европската комисија.
Форумот, како што најавија организаторите треба да го Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи на Македонија, Шимон Шинковски вел Сек, заменик министер за надворешни работи на Република Полска, Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје и Адам Еберхард директор на Центарот за источни студии.
Comments are closed for this post.