Во пресрет на бурата „Андреа” што се очекува да го зафати регионот во наредните денови и да донесе обилни врнежи со количина од 50 до 80 милиметри на метар квадратен, во Град Скопје заседаваше вонреден кризен штаб со кој што претседаваше Душко Весковски, директор на ЈП „Водовод и канализација”.
На состанокот, како што соопшти Град Скопје, беа координирани активностите и се поделија обврските помеѓу јавните претпријатија, противпожарната бригада, инспекциските служби и останатите општини и државни институции. Пред почетокот на бурата, екипите на „Водовод и канализација” ги проверуваат шахтите и одводите на критичните точки низ градот, додека екипите на ЈП „Улици и Патишта” главните одводни канали во Скопје.
Од Градот Скопје апелираат на исклучување на пумпите на градежните јами, а граѓаните да ги пријавуваат проблемите на 193 и да не паркираат под дрвореди и близу одводните канали. Дополнително, во случај на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Comments are closed for this post.