Првите банкноти со новото име на државата ќе бидат пуштени во оптек на почетокот на наредната година.

Како што соопшти гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, прво ќе бидат пуштени банкнотите од 500 денари, а потоа и тие од 10.

Парите имаат природен циклус на искористување што ќе се земе предвид при пуштањето на новите банкноти, но ќе се води сметка и за потребата од пуштање нови пари – изјави Анегеловска-Бежоска.

Одговорајќи на новинарско прашање, по презентацијата на пролетните макроекономски проекти, гувернерката истакна дека новите банкноти нема да бидат испишани и со албански јазик, но за тоа ќе има дополнителни консултации согласно законската и уставната рамка. Ангеловска-Бежовска потсети дека во моментов парите содржат симболи од албанската култура.