Во Москва се одржа парада по повод 9 мај Денот на победата над фашизмот во Втора светска војна. На парадата присуствуваше и претседателот на Русија, Владимир Путин, на кого рапорт му поднесе министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Парадата почна со дефиле на воените единици, а потоа следеа механизираните колони.
Прв помина симболот на победата – тенкот Т-34, во придружба на хамери од 10 фронтови од Големата татковинска војна.
На чело на колоната на современите техники на вооружените сили на Русија беше повеќенаменското оклопно возило „Тајфун 4×4″ и „Тигар – М” со противтенковски комплекс „Корнет” и систем „Арбалет”.
За време на спроведувањето на специјални и хуманитарни задачи во Сирија, оклопните возила ја покажаа својата висока употреба.
На Црвениот плоштад излезе колона на борбени возила на пешадијата, кои се наменети за обезбедување огнена поддршка на моторизираните единици.
Во составот на парадната единица се најде новата генерација на тешки борбени возила „Кургањец-25″ и основното борбено возило на пешадијата БМП-3, модернизиран оклопен транспортер БТР-82А. Карактеристиките на БТР-82A овозможуваат тој да се користи во разни родови на армијата, вклучувајќи ги десантниот и извидувачкиот.
Низ Црвениот плоштад помина и парадната единица 106, гардиска воздушно-десантна тулска дивизија „Кутузов” БМД-4М и БТР-МДМ.
Низ Црвениот плоштад помина и парадата единица на современата генерација на руската оклопна техника – тенкови Т-14 „Армата”, главниот борбен тенк Т-72В3 и возилото за логистика „Терминатор”. На Црвениот плоштад се појави и колона составена од оклопни возила „Тајфун К” и ” Тајфунот У” во придружба на „Тигар М” и „Арбалет”.
epa07557153 A Russian strategic nuclear missile RS-24 Yars rolls during Victory Day parade in Red Square in Moscow, Russia, 09 May 2019. Russia marks 09 May the 74th anniversary of the victory in the World War II over Nazi Germany and its allies. The Soviet Union lost 27 million people in the war. EPA-EFE/YURI KOCHETKOV
На Црвениот плоштад излезе механизирана колона на Националната гарда на Русија, составена од оклопни возила „Тигар”, „Патрол” и „Урал”. Автомобили се наменети за исполнување задачи на специјалните единици во кои билој климатски услови. На Црвениот плоштад беше и ракетниот систем С-400 „Триумф”. Комплексот „Триумф” е во состојба да соборува не само на сите средства на воздушно-вселенски напади, кои постојат во вооружувањето на потенцијалниот противник, туку и оние кои се во фаза на развој.
На Црвениот плоштад излегоа автономните лансери на ракетниот комплекс „Јарс”, во придружба на автомобилот „Тигар”.
На чело на парадната колона на борбена техника беше и пешадиското борбено возило „Бумеранг” со знамиња на Вооружените сили на Руската Федерација.
Со музиката на маршот „Проштавањето на Славјанка”, руските војници заминаа од Црвениот плоштад.
Парадата заврши по еден час.
На парадата по повод Денот победа над фашизмот во Втората светска војна, денеска на Црвениот плоштад во Москва не присуствуваа странски претставници.
Парадата на победата во Москва се одржува по истиот модел како првата парада што е одржана во 1945 година, нешто повеќе од еден месец откако капитулира Германија. Со парадата е прославена капитулацијата на Германија. И тогаш парадата се одржа на Црвениот плоштад при што учествуваа 40.000 војници, 1.850 оружја и траеше два часа. Парадата ја подготви маршал Рокосовски, а командант беше генерал Жуков, кој формално ја прими капитулацијата на Германија.
Comments are closed for this post.