Полицијата се соочува со партиски притисоци и закани при вршење на својата работата. Функционерите на СДСМ не почитуваат ни закон ни униформа, обвини Орце Ѓорѓиевски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
На 5 мај, за време на партиска активност на СДСМ во Велес, претседателот на совет на општина Велес, упатил закани кон командирот на ПС Велес, со што сторил кривично дело, загрозување на сигурноста, за кое што се гони по службена должност. Партискиот функционер го нападнал командирот со закани кон него лично, но и кон неговите деца.МВР на Спасовски молчи и го крие случајот. Осуда нема. Нема ниту разрешување на локалниот шериф затоа што на Заев и на Спасовски им се поважни партиските послушници“, рече Ѓорѓиевски.
Тој додава дека ова не е првпат полициски службеник да биде нападнат од функционери и активисти на СДСМ.
Пред две недели во општина Илинден со нож беше нападнат полицаец и му беа нанесени тешки телесни повреди од страна на синови на советник на Оливер Спасовски. Полицискиот службеник загуби слезина и бубрег но тоа не беше доволно за насилниците да се најдат во притвор. Во текот на изборната кампања сведоци сме исто така бевме и на напад на полициска екипа од страна на активисти на СДСМ во општина Шуто Оризари, а сите го паметиме и нападот на “пајакот” врз полицајката во Мавровка за кој што не успеа Спасовски да обезбеди докази, а снимките од видео надзорот мистериозно исчезнаа и никој не ги виде“, потенцираше Ѓорѓиевски.
Тој го повикува ЈО да поведе постапки и да ги расветли сите случаи на напади.
Comments are closed for this post.