„Народот се дигна против власта на Заев. Потврдена е новата реалност, народот бара промени. Тргна падот на Заев и неговата власт, а народот победува. Новата реалност значи дека Заев ја губи поддршката, а бројот во општини каде оваа власт е детронизирана повторно ќе биде огромен. Реалноста значи дека народот бара правда, слобода, стандард, принципи и вредности“, рече шефот на ИШ на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Тој тврди дека имало бројни обиди за манипулација на волјата на граѓаните.
„Власта денес воопшто не беше на висината на задачата. Забележани се низа нерегуларности кои иницираат инзборен инженеринг од страна на власта. Организирано семеејно гласање, поткуп на гласачи и полицајци, закани. Ново село беше под опсада на полицијата, во Битола целото подземје беше излезено. Шуто Оризиари е забележан организиран превоз за гласање, во Чаир исто. Слични појави им и во Штип,Радовиш. Заев ќе падне брзо и ќе победи битката за правдата, чесноста и вредностите“, потенцираше Јанушев.
Тој порача дека се освен победа на Сиљановска ќе биде изборен инженериг.
Comments are closed for this post.