Во САД е формирана првата цивилна „Муслиманска патрола“, која ќе има задача превентивно да делува на заштита на муслиманите во Бруклин, пренесува „Њујорк тајмс“. Невооружените цивилни патроли ќе соработуваат со полицијата за да им помогнат на своите соседи да ја зголемат довербата на заедницата кон муслиманите.
Како што наведува „Њујорк тајмс“, засилената кампања на омраза ја поттикнала полицијата во Њујорк и во другите поголеми градови, во одредени денови да ги зајакнат патролите околу џамиите и исламските центри.
Како што наведува весникот, планот на овој волонтерски проект е да ги надгледува трите исламски училишта во Бруклин, како и околните џамии и железнички станици во Беј Риџ и Сансет Парк, каде што живее многубројна муслиманска заедница.
Патролата засега има два автомобила, а планот е тој број да се зголеми на пет патролни возила до крајот на месецот.
Групата се финансира самостојно, односно од донации за купување автомобили и сини униформи за членовите на патролите.
Comments are closed for this post.