Здравствен дом Велес од средината на месец април воведе мобилен сервис од патронажни сестри за давање здравствена услуга во руралните средини.
Тој беше најавен по реакциите на жителите од селат Извор и Богомила, дека услугата рурален доктор, со две посети во месецот е премалку за да се превенира здравствената заштита на жителите од овие населени места, кои не можат да патуваат до Велес за најмала здравствена потреба. За десетина работни дена откако е воведен, посетени се девет села и реализирани прегледи на 120 пациенти. Тоа е далеку повеќе отколку при посета на руралниот доктор.
Директорот на Здравствен дом Велес Николче Димовски вели дека овој мобилен сервис функционира во соработка со матичните лекари, од каде се земаат податоци за пациентите кои подолг временски период не се јавиле на преглед, а живеат во рурални средини кои се тешко достапни.
Директорот на Здравствен дом Велес Николче Димовски вели дека овој мобилен сервис функционира во соработка со матичните лекари, од каде се земаат податоци за пациентите кои подолг временски период не се јавиле на преглед, а живеат во рурални средини кои се тешко достапни.
Веќе воведовме за неколку села посета од рурален доктор. Сега патронажните сестри секојдневно ги посетуваат во нивните домови и ако има потреба да го известат матичниот лекар или пак да им овозможат здравствена услуга. Имаме обезбедено возило и секојдневно одат на терен, бидејќи во некои села нема ни рурален доктор. Функционирањето на овој сервис го покриваме од наши средства, а потоа ќе преговараме со Фондот за здравствено осигурување да ни го зголеми буџетот- вели Димoвски.
Овој мобилен сервис за пружање здравствени услуги во оддалечените места се прави по примерот на мобилните сервиси кои Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика преку проект на УНДП веќе ги отворија во Кочани и Ресен, а најавија отворање на ваков сервис и во Битола. Изминатите две седмици биле посетени Отовица, Караслари, Градско, Мелница, Мамутчево, Оморани, Подлес и Чичево, Јаболчиште и Богомила.
„Интегрираните услуги за нега на Министерството за здравство добија позитивна оценка од Светската здравствена организација и опишани се дека го поттикнуваат унапредувањето на здравјето“, велат од Министерството за здравство.
За да ја извршуваат оваа нова задача, патронажните сестри поминаа обука во организација на Министерство за здравство, Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки во соработка со Симулацискиот медицински центар.
Comments are closed for this post.