Правото и правдата ќе дојдат на петти мај, им порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашната средба со жителите на кумановската населба „Карпош“.
Кога ќе дојде Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, рече тој, ќе го направат сето она што општината не го направила во оваа населба, а и било обврска.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ рече дека за време на кампањата поминале повеќе од 10.000 километри, дека имале повеќе од 150 митинзи, настани, средби, разговарале со илјадници граѓани.
Маката е голема, луѓето мачно живеат. И често пати покарј критиката кон овие политички измамници кои ветуваат живот, а пекол донесоа, знаат да не искритукуваат и за нашите грешки од минатото. Никогаш не водев, ниту ќе водам алиби политика и секоја грешка ја прифраќам на себе и барам прошка и затоа се извинувам, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.