Пратеничката од СДСМ, Катерина Кузмановска од Струмица, својата ќерка Марија Кузмановска пред извесно време ја вработила на Гинекологија во Скопје и тоа со дискреционо право на директори и министри“, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Според него интригантно е што ќерката на Кузмановска е општ доктор и е вработена во ГАК, а на Гинекологија и се потребни специјалисти гинеколози кои недостасуваат.
Замислете општ лекар од Струмица се вработува на Гинекологија во Скопје каде што се потребни специјалисти гинеколози. Воопшто не им е важно ниту здравството, ниту пак сузбивањето на непотизмот. Важно им е само да ги вработат своите роднини и да си поделат тендери во здравството, додека пак секој ден ни се иселуваат млади лекари“, рече Арсовски.
Тој ја повика Антикорупциската комисија да го испита и овој случај на непотизам.
Додека пак Катерина Кузмановска има морална одговорност веднаш да и се извини на јавноста и да си даде оставка. Не само што не прекинаа со вработување на нивните најблиски СДСМ, туку и продолжија нови да вработуваат, лажејќи го народот во очи, само да ги гласа на изборите“, потенцираше Арсовски.
Comments are closed for this post.