Албанците од јужна Србија започнаа иницијатива за вклучување во завршната фаза од дијалогот Белград-Приштина.
Иницијативата ја потпишаа претседателот на Националниот совет на Албанците, Рагми Мустафа, градоначалникот на Бујановац, Шаип Камбери и пратеникот во Собранието на Србија од таа општина, Фатмир Хасани.
Писмото со иницијативата го испратија до шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, до претседателот на Косово, Хашим Тачи и координаторите на приштинскиот тим за дијалог Шпенди Ахмети и Фатмир Љимај.
Во писмото исто така се наведува дека конечниот договор помеѓу Косово и Србија „претставува можност да се решат основните проблеми на Албанците од Прешево, Бујановац и Медвеѓе”
Comments are closed for this post.