Само што пред неколку беше поставен, новиот споменик на Александар Македонски во Атина е вандализиран, објави денес „Ефимерида“. Споменикот се наоѓа во центарот на главниот град на Грција.
Споменикот, кој две децении беше чуван во вајарското депо за конечно пред две недели да биде поставен, е испишан со пароли на неговиот постамент, а весникот со чудење прашува како тоа се случило кога деноноќно полициска патрола е стационирана на само неколку метри од него.
На натписот стои дека Александар бил крвник, кој колел луѓе и оти Ѕвездата од Вергина греела хомосексуалец.
Comments are closed for this post.